Air China и Rolls-Royce основаа заедничка компанија

20

Air China и Rolls-Royce на Меѓународниот саем за услуги во Кина најавија основање на заедничко вложување за одржување, поправка и ремонт на мотори (MRO) во Пекинг, објави China Media Group (CMG).

Заедничкото вложување, Beijing Aircraft Engine Services Company (BAESL), ќе обезбеди услуги за одржување, поправка и ремонт на авионските мотори Rolls-Royce Trent 700, Trent XWB-84 и Trent 1000.

Во моментов, Air China ги има сите три типа на мотори во својата флота, пренесува Beta.

Ер Кина и Ролс-Ројс ќе поседуваат по 50 отсто од акциите во заедничкото вложување со договор од 2,61 милијарди јуани (околу 378,2 милиони американски долари).