Air France – KLM е во напреднати преговори да ја купи Alitalia

26

air-france-pixabay

Фото: Pixabay

Француско-холандската авиокомпанија Air France – KLM е во напреднати преговори за преземање на италијанскиот авиопревозник Alitalia до крајот на ова лето, јавуваат италијанските медиуми.

Од оваа француско – холандска компанија негираат дека се во преговори за преземање.

“Air France и KLM имаат многу ограничени средства кои не дозволуваат вакви операции”, изјави шефот на Air France, Александар Жунијак.

Alitalia е во сопственост на CAI, конзорциум на инвеститори кои во 2008 ја купија тогаш банкротираната компанија. CAI е веќе делумно во сопственост на Air France – KLM.

Во мај Air France соопшти дека веројатно ќе почека до 2014 година пред да ја искористи опцијата да ја преземе контролата врз Alitalia, во која од јануари 2009 година има удел од 25%.

Пред пет години CAI плати нешто повеќе од една милијарда евра за да ја купи Alitalia.