AIR – INK: Мастило направено од издувни гасови

23

air-ink-kickstarter

Graviky labs од Сингапур создаде иновативен уред што ги апсорбира издувните гасови од возилата и оџаците и од тоа прави мастило.

Станува збор за уредот KAALINK, којшто не дозволува штетните издувни гасови да се ослободат во атмосферата, туку ги акумулира во себе. Насобраните штетни материи се рециклираат и се добива мастилото што го носи името AIR – INK.

air-ink-1

За само 45 минути, KAALINK може да апсорбира доволно издувни гасови за да може да се наполни едно пенкало со 30 милилитри мастило.

Засега, достапни се неколку големини на маркери полни со вакво мастило: од 2, 15, 30 и 50 милиметри.

Иновативното и еколошко мастило е претставено на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. Првично проектот побара околу 10.000 долари поддршка, а на осум дена до крајот на кампањата, се собрани над 22.600 долари.

air-ink-graviky

ФОТО: Kickstarter