AirAsia отвора ресторан којшто ќе нуди храна што се служи во авион

32

Авиопревозникот AirAsia отвори ресторан каде што ќе ја нуди истата храна којашто се служи за време на лет.

AirAsia, којшто е најголем авиопревозник на континентот што нуди евтини карти го отвори својот прв ресторан во Куала Лумпур, Малезија, а планира да го збогати своето портфолио со  повеќе од 100 ресторани глобално.

Неговото име е Santan, што на малезиски значи кокосово млеко, истото млеко што превозникот го служи и за време на лет, пишува CNN.

Во менито вклучени се и локални деликатеси како ориз и пилешко, кафе чај и десерти. AirAsia е првиот авиопревозник што нуди ваков тип на услуга.

Фото: Pixabay