Airbnb ја купува апликацијата за резервирање на хотелски престој HotelTonight

23

Фото: Facebook

Дигиталната платформа за изнајмување на домови, Airbnb ќе стане сопственик на апликацијата HotelTonight, којашто служи за наоѓање на last minute хотелски аранжмани. Иако од компанијата не даваат многу детали, зделката се очекува да биде финализирана годинава, пишува Tech Crunch.

Амбиција на Airbnb е да изгради платформа со комплетни решенија, како изнајмување на домови, резервирање на хотели, бизнис аранжмани.

Апликацијата, чијашто вредност во 2017 година беше 463 милиони долари, нуди попусти за хотелски аранжмани во Северна и Јужна Америка, Европа и Австралија. Airbnb, којшто се проценува над 31 милијарда долари, со оваа зделка ќе им олесни на клиентите да резервираат сместување во хотел без претходно планирање.