Airbus спрема тужби против авиокомпании

102

Европскиот производител на авиони, конзорциумот Airbus е подготвен да ги тужи авиокомпаниите што одбиваат да ги исполнат своите обврски од склучените договори и да ги преземат нарачаните авиони, изјави директорот на компанијата, Гијом Фори.

Производителот на авиони и компаниите за изнајмување авиони добиле бројни барања од авиокомпаниите да ги одложат испораките поради генералниот пад на побарувачка во воздушниот сообраќај.

Фори уште кажа дека некои авиокомпании, што не сакаше да ги идентификува, ги отфрлале неговите повици за време на кризата со коронавирусот, но изрази надеж дека и со нив ќе се постигне компромис.

Компанијата Qatar Airways минатата недела ги предупреди Airbus и американски Boeing да ги одложат испораките или ќе ја загубат довербата кај клиентите и можноста за натамошен бизнис.

Фото: Pixabay