AIRPod – автомобил што се движи на воздух

56

Airpod

Ерата на горивата веќе станува минато. Се поставува прашањето кој вид на гориво најмногу ќе се користи во иднина. Американската Zero Pollution Motors смета дека иднината на горивото е во компресираниот воздух.

mdi_airpod

Zero Pollution Motors заедно со Motor Development International го развија првото возило што се движи со помош на воздух – AIRPod. Станува збор за мал автомобил со футуристички дизајн, ниска цена и нула емисија на штетни гасови.

zpm-airpod-003_100201151_m

Ваков автомобил би можел да се купи по цена од околу 10.000 долари, а трошоците за вложување по купувањето се минимални. AIRPod може да се наполни на било која бензинска пумпа со помош на компресор за воздух.

mdi

AIRPod не може да се пофали со постигнување на голема брзина – 80 километри на час, но тоа е сосема доволно за возење низ градскиот метеж.