Акции што го одбележаа тргувањето на берзата оваа недела

21

Акциите на Комерцијална банка, Макпетрол, Алкалоид, Стопанска банка Битола и Гранит се петте најтргувани хартии од вредност на Македонска берза, во период петти до деветти октомври.

Вкупниот промет на берзата достигна вредност од 1.178.084 евра, што е пад од 7,97% во однос на претходната недела. Од петти до деветти октомври се направени 239 трансакции или 34,52% помалку во споредба со една седмица претходно.

Пазарната капитализација достигна 3.342.936.395 евра, што претставува намалување од 0,27%. Пазарната капитализација на последниот трговски ден оваа недела беше 1.851.476.926 евра или 4,53% повеќе во однос на минатиот месец.

Индексот МБИ на деветти овој месец се позиционираше на 4.481,06 поени или 0,25% помалку од минатата недела.

Фото: Freepik