
Фото: Pexels
Акциите на Airbus, коишто достигнаа рекордно високо ниво од 94 евра минатиот месец, беа намалени за 1,1% на 82,61 евра, по објавувањето на веста дека има проблеми со моторите произведени од компанијата Pratt & Whitney.
Airbus беше принудена да го запре тестирањето на новиот модел А32neo, а со тоа вредноста на акциите на европскиот производител на патнички авиони се намали.
Засега авиопревозникот не може да каже колку време ќе треба за решавање на овој проблем, јавува Reuters.
А32neo е изработен со намера да се употребат новите мотори Pratt & Whitney PW1000G коишто всушност се поекономични и потивки.