Акциите на Alibaba скокнаа за 7%, а за сè е “виновно“ видео од 50 секунди

29

Вредноста на акциите на Alibaba скокнаа за 7%, а за сè “виновно“ видеото од 50 секунди во кое после три месеци отсуство се појавува првиот човек на компанијата Џек Ма.

Основачот на Alibaba се појави во јавноста прв пат од октомври кога нагло се повлече по критиките упатени кон кинеските власти, кои поккренаа истрага против неговата компанија.

Неговото исчезнување од јавната сцена предизвика шпекулации за тоа каде се наоѓа, особено во време кога вредноста на неговата компанија започна да опаѓа. Сепак, по три месеци милијардерот се состана со 100 рурални наставници од Кина, а средбата се одржа преку видео состанок, пишуваат кинеските медиуми.
Ма им се обрати на наставниците во име на неговата хуманитарна фондација. Овој состанок се одржува секоја година во кинеско одморалиште, но оваа година беше преместен на Интернет поради состојбата со пандемијата.

Фото: Pixabay