Акциите на Алкалоид, Македонски Телеком и НЛБ Тутунска банка најтргувани во април

64

berza

Акциите на Алкалоид, Македонски Телеком и НЛБ Тутунска банка се најтргувани хартии од вредност во април, покажуваат податоците од Месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Акциите на Алкалоид учествуваа со 173 трансакции и 26,79% дел од прометот на официјалниот пазар на хартии од вредност. За нив со 68 трансакции или 23,06% учество во вкупниот промет се хартиите од вредност на Македонски Телеком. Трети најтргувани се акциите на НЛБ Тутунска банка со 66 трансакции и 14,04% учество во вкупниот промет.

Во текот на април, најголем пораст (6,67%) имаа акциите на Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) Скопје, достигнувајќи просечна цена од 16 денари. На второ место се акциите на Окта со пораст од 3,70% и просечна цена од 829,58 денари. Зад нив се акциите на Стопанска банка Скопје со скок од 2,54% и просечна цена од 420,41 денари.

Најголем пад во април забележаа акциите на Емо Охрид, завршувајќи 28,57% во минус и просечна цена од 15 денари. Хартиите од вредност на РЖ Техничка контрола Скопје се намалија за 14,44% и 385 денари просечна цена. Зад нив се акциите на Арцелормиттал Скопје (ХРМ) Скопје со пад на вредноста од 11,11% по што достигнаа просечна цена од 8 денари.

Пазарната капитализација во април се позиционираше на 99.816.229.610 денари, што е за 1,61% помалку во однос на претходниот месец. Прометот во април порасна за 25,90% и достигна вредност од 213.306.107 денари. Пад од 12,98% е забележан кај бројот на вкупните трансакции, кои во април беа на ниво од 905. Индексот МБИ 10 се позиционираше на 1.746,42 поени или за 1,94% помалку во однос на март.