Акциите на Алкалоид, НЛБ Банка и Комерцијална банка најтргувани во јули

33

makedonska-berza-zvono

Акциите на Алкалоид, НЛБ Банка и Комерцијална банка се топ три најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза, покажува Месечниот статистички билтен.

Акциите на фармацевтската компанија имаа 16,02% учество во вкупниот промет со реализирани 224 трансакции. Зад нив се акциите на НЛБ Банка со 156 транскации или 13,56% учество во прометот на официјалниот пазар, додека зад нив се хартиите од вредност на Комерцијална банка со 212 реализирани трансакции.

Три акции со најголем пораст во текот на јули се оние на: Триглав осигурување Скопје (514,04%), Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) со пораст од 160% и Арцелормиттал Скопје (ХРМ) со скок на вредност од 75%.

Акциите на Скопски пазар, Прилепска пиварница Прилеп и Цементарница Усје се топ три акции со најголем пад во текот на јули.

Пазарната капитализација во јули изнесуваше 134.751.850.419 денари или 9,76% повеќе во споредба со јуни. Пад од 4,13% е забележан кај прометот кој што во јуни се позиционираше на 400.810.148 денари. Во текот на минатиот месец се реализирани 2.158 трансакции или 47,81% повеќе во споредба јуни. Индексот МБИ10 достигна 2.501,16 поени или пораст од 9,59%.