Акциите на Алкалоид, НЛБ Банка и Макпетрол најтргувани во јуни

21

Акциите на Алкалоид, НЛБ Банка и Макпетрол се најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза, покажуваат податоците од Месечниот статистички билтен за јуни на Македонска берза.

Со акциите на фармацевтскиот гигант се реализирани 164 трансакции и учествуваат со 20,62% во вкупниот промет на официјалниот пазар. Со 95 трансакции и 20,39% учество во вкупниот промет се акциите на НЛБ Банка, додека на трето место се акциите на Макпетрол со 168 трансакции и 18,39% удел во прометот.

Најголем раст во јуни забележаа акциите на: Арцелормиттал Скопје – ЦРМ (10,98%), Аутомакедонија (5,26%), Стопанска банка (3,38%), Македонијатурист (1,62%) и Реплек (1,32%).

Од друга страна, најголем пад имаа хартиите од вредност на: Макстил (-10,07%), Макошпед (-9,69%), Арцелормиттал – ХРМ (-9,09%), Окта (-8,37%) и НЛБ Банка (-7%).

Пазарната капитализација минатиот месец се позиционираше на 168.640.025.785 денари или 0,79% помалку во споредба со април. Прометот во јуни забележа пад од 66,17% и достигна ниво од 373.976.142 денари. Пад од 39,12% е забележан кај бројот на трансакции што минатиот месец беа вкупно 1.262. И индексот МБИ 10 евидентираше пад од 1,29% и заврши на 3.821,61 поен.