Акциите на Facebook скокнаа – што е причината?

24

Вредноста на акциите на Facebook скокна на рекордно ниво, откако гигантот ги објави резултатите за првиот квартал од 2021 година, кои се подобри од очекувањата. Сето тоа благодарение на зголемувањето на приходите од реклами.

Компанијата соопшти дека заработила 9,5 милијарди долари или 3,3 долари по акција, во периодот од јануари до март 2021 година. Тоа е раст од 94% во однос на истиот период минатата година, кога заработката беше 4,9 милијарди долари.

Во март, Facebook го користеа 2,85 милијарди корисници, што е зголемување за 10% во март. Другите апликации во сопственост на Facebook – Instagram, WhatsApp – имаа 3,45 милијарди корисници во март.

Фото: Pexels