
Акциите на француската луксузна групација Kering пораснаа за повеќе од пет проценти денес на париската берза, откако компанијата објави продажба на својот деловен оддел за убавина на L’Oréal за четири милијарди евра.
Според податоците на берзата, вредноста на акциите на Kering достигна 326,25 евра, со скок од 5,39 проценти, додека акциите на L’Oréal пораснаа за 0,59 проценти на 392,95 евра, објави Figaro.
Пазарот реагираше позитивно на потегот, кој треба значително да ја намали задолженоста на групацијата Kering, потврдија аналитичарите.











