Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макошпед најтргувани во февруари

24

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макошпед се топ три најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза, покажува Месечниот статистички билтен.

Со вкупно 309 трансакции, водат акциите на Комерцијална банка што зафаќаат 31,59% од вкупниот промет на официјалниот пазар. Зад нив се акциите на Алкалоид со 205 трансакции, а трети на Макошпед со 114 реализирани трансакции.

Најголем пораст изминатиот месец е регистриран кај акциите на : Попова Кула Демир Капија (25%), Стопанска банка Битола (14,97%), Арцелормиттал Скопје ЦРМ (14,77%), Макошпед (9,50%) и Жито Лукс (9,26%).

Од друга страна, најголем пад имаат овие хартии од вредност: Технометал Вардар (-20%), Стопанска банка Скопје – приоритетни акции (-18,91%), Европа Скопје (-12,97%), Бетон Скопје (-3,57%) и Витаминка од Прилеп (-2,63%).

Во текот на февруари, пазарната капитализација достигна 170.464.966.350 денари, што е 0,74% повеќе во однос на претходниот месец. Прометот се позиционираше на 299.566.014 денари, односно 38,78% помалку во споредба со јануари. Кај вкупниот број на трансакции (1.552) има скок од 18,38%, а индексот МБИ10 заврши на 3.653,83 поени што е 0,99% повеќе во однос на првиот месец од годината.