Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол најтргувани во јули

10

analiza finansiska

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол се натргувани хартии од вредност на официјалниот пазар, покажува месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Хартиите од вредност на Комерцијална банка во текот на минатиот месец учествувале со 34,93% во вкупниот промет на берзата, односно реализирани се вкупно 147 трансакции. Со 125 трансакции, акциите на фармацевтската компанија Алкалоид се втори најтргувани хартии од вредност на берзата во јули, додека на трета позиција се оние на Макпетрол со 92 трансакции или 8,96% учество во вкупниот промет.

Најголем пораст на вредност забележаа акциите на Охридска банка со скок од 20,94%, веднаш зад нив се оние на ФЗЦ 11 Октомври од Куманово со пораст од 20% и зад нив се најдоа хартиите од вредност на Макпетрол со 14,58% во позитива.  Од друга страна, најголем пад во јули забележаа акциите на Фустеларко Борец со Битола со намалување од 32,98% од нивната вредност. Зад нив се акциите на РЖ Услуги со пад од 28,16% и трети според намалувањето се оние на Уни банка со 24,73% во минус.

Во текот на минатиот месец, пазарната капитализација беше на ниво од 91.566.899.514 денари што е пад од 1,76% во однос на претходниот месец. Намалување од 78,26% е забележано кај прометот што во јули изнесуваше 159.016.159 денари. Пад од 23,63% има кај бројот на трансакции, па така во апсолутен износ тие беа 792. Индексот МБИ 10 забележа пораст од 3,69% и изнесува 1.693,47 поени.