Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка Битола најтргувани во јули

32

berza-dzvonce-580x387

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка Битола се најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза, покажува Месечниот статистички билтен.

Хартиите од вредност на Комерцијална банка учествуваат со 21,60% во вкупниот промет со 133 трансакции. Со акциите на фармацевтската компанија Алкалоид се направени 125 трансакции, што е 16,90% од вкупниот промет на официјалниот пазар. Вкупно 59 трансакции или 16,41% учествуваат акциите на Стопанска банка Битола.

Топ три акции со најголем скок на официјалниот пазар се оние на Охридска банка, Макпетрол и Топлификација, додека со најголем пад се хартиите од вредност на Бетон, Жито Лукс и Макошпед.

Пазарната капитализација во јули се позиционираше на 101.475.398.551 денари, што е за 4% повеќе во однос на претходниот месец. Кај прометот, којшто достигна 291.535.683 денари, се забележува пад од 12,89%. Бројот на трансакции во јули беше 979, што е за 5,84% повеќе во однос на јуни. Индексот МБИ 10 се позиционираше на 1.855,39 или 8,69% пораст во однос на претходниот месец.