Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка најтргувани во септември

20

makedonska-berza

Топ три најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза се оние на Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка АД Скопје, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Акциите на Комерцијална банка учествуваат со 24,44% во вкупниот промет на официјалниот пазар со реализирани 304 трансакции. Зад нив се акциите на фармацевтската компанија Алкалоид со 257 трансакции и 22,28% учество во вкупниот промет на Македонска берза. Со 9,94% учество во вкупниот промет и 153 трансакции, на трето место се акциите на Стопанска банка АД Скопје.

Најголем пораст во текот септември забележаа акциите на Лотарија на Македонија од 347,76% и достигнаа просечна цена заклучно со 30.09.2017 година од 600 денари. По нив следат акциите на Попова Кула Демир Капија со пораст на вредноста од 16,67% и просечна цена од 14 денари. Трети по ред се акциите на Алкалоид со пораст од 10,20% и просечна цена заклучно со 30-ти септември од 7.537,89 денари.

Најголемо опаѓање имаат овие акции: Жито Лукс Скопје (45%), Централна кооперативна банка (34,96%) и ЗК Пелагонија (17,49%).

Пазарната капитализација во септември достигна ниво од 138.581.446.822 денари, што е пад од 0,29%. Прометот на Македонска берза имаше вредност од 304.497.424 денари или 34,08%. Во текот на септември се реализирани 1.557 трансакции или пораст од 6,79%. Индексот МБИ 10 се позиционираше на 2.688,66 поени или 1,54% пораст во однос на претходниот месец.