Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и ТТК Банка најтргувани во октомври

20

makedonska-berza2

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и ТТК Банка се најтргувани во текот на октомври, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Со вкупно 208 трансакции и учество во прометот од 22,16%, први се акциите на Комерцијална банка. Зад нив се хартиите од вредност на фармацевтската компанија Алкалоид со 188 реализирани трансакции и 17,74% учество во прометот на официјалниот пазар на берзата. Трети по ред се акциите на ТТК Банка со 98 трансакции и 17,57% учество во прометот остварен во октомври.

Топ три акции со најголем пораст во текот на минатиот месец се: Фершпед Скопје (13,92%), Попова Кула Демир Капија (7,14%) и Прилепска пиварница Прилеп (6,45%). Од друга страна, најголем пад на вредноста имаа хартиите од вредност на: РЖ Уготур (57,89%), Адинг Скопје (16,54%) и Макошпед Скопје (12,71%).

Во текот на минатиот месец, пазарната капитализација на Македонска берза достигна 137.000.521.818 денари, што е намалување од 1,14% во однос на септември. Кај прометот остварен во октомври (495.017.853 денари) е забележан скок од 62,57%, додека кај вкупниот број на трансакции од 1.217 е нотирано намалување од 21,84%. Индексот МБИ 10 се позиционираше на 2.623,29 поени или 2,43% помалку во однос на септември.