Акциите на Комерцијална Банка и понатаму на врвот

24

Акциите на Комерцијална Банка и понатаму остануваат најтргуваните акции на официјалниот пазар на Македонската берза, покажува Месечниот статистички билтен.

Во јули месец на Македонската берза се тргувани вкупно 1.996 трансации, од кои 421 се на Комерцијална Банка, со промет од 131.345.609 денари и 40,22% учество во севкупниот промет. Потоа следат акциите на Алкалоид (174) кои оствариле промет од 36.050.433, а на трето место е Гранит Скопје со 193 тргувани акции во јули и 7,60% учество во прометот. Четвртото и петтото место на најтргувани акции на МБ ги заземаат ТТК Банка Скопје и Макпетрол Скопје.

Инаку претходниот месец најголем пораст имале акциите на Топлификација Скопје кои пораснале за 41,84%, а следат  БИМ Свети Николе (40,08%) и  Попова Кула Демир Капија  (26,67 %).

Додека пак, најголем пад на берзата минатиот месец доживеаа акциите на ДС Смитх Скопје за 19,19%,  по што следуваат Жито Лукс Скопје со пад за 13,30% и  РЖ Услуги Скопје со 9,15% па на акциите.

Пазарната капитализација во јули изнесувала 152.372.797.790 денари и е за 0,11% повисока во однос на претходниот месец. Прометот бележи пад од 6,59% и достигнал вредност од 912.262.388 денари.

Од останатите клучни берзански показатели, МБИ10 индексот пораснал за 1,62% и изнесува 3.386,62 индексни поени, а бројот на транскациите опаднал за 37,57% (јуни: 3.197; јули: 1.996)