Акциите на Комерцијална банка, Македонијатурист и Стопанска банка најтргувани во мај

24

makedonska-berza

Акциите на Комерцијална банка, Македонијатурист и Стопанска банка се најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во мај, покажува Месечниот статистички билтен на берзата.

Со 168 трансакции и 29,72% удел во вкупниот промет, најтргувани се акциите на Комерцијална банка. Зад нив се хартиите од вредност на Македонијатурист со 14,01% учество во вкупниот промет на официјалниот пазар на берзата и со 25 реализирани трансакции. Трети најтргувани се акциите на Стопанска банка со 195 трансакции и 13,36% учество во прометот на Македонска берза.

Топ три акции со најголем пораст во мај беа оние на Топлификација (83,19%), Сковин (62,16%) и Уни Банка (44,06%). Од друга страна, најголемо опаѓање имаа акциите на Бетон Скопје со пад од 17,69%, Попова Кула Демир Капија со намалување на вредноста за 16,67% и хартиите од вредност на РЖ Техничка контрола со 13,98% во минус.

Пазарната капитализација заклучно со 31-ви мај изнесуваше 122.055.577.862 денари или 1,05% повеќе во однос на претходниот месец. Пораст од 12,26% е забележан кај вкупниот промет на берзата што достигна вредност од 312.263.070 денари. Зголемување од 54,19% во мај, во однос на претходниот месец, има кај вкупниот број на трансакции (1.306). Индексот МБИ 10 забележа пораст од 3,88% во однос на април.