Акциите на Комерцијална Банка најтргувани на Берзата

6

Македонска Берза го објави полугодишниот статистичи билтен за периодот јануари-јуни 2018 година.

Според податоците, во овој период на берзата се направени 12.835 транскации со вкупен промет од 6,8 милијарди денари, што претставува пораст за 234% во однос на истиот период лани.

Од другите клучни берзански податоци раст има и кај пазарната капитализација и тоа за 23,98%, како и МБИ10 индексот за 46%.

На берзата најмногу се тргувало со акции, дури 68% од прометот е направен со продажба на акции.

Најтргувани акции од официјалниот пазар на берзата се акциите на  Комерцијална Банка (2.932) со промет од 769 милиони денари, а потоа следат 1.042 акции на Алкалоид во вредност од 354 милиони денари и 568 акции на НЛБ Банка во вредност од 191 милион денари.

Најголем пораст имаат акциите на Комерцијална Банка, 89,9%, а следат акциите на Жито Лукс со пораст од 69,66%, и Винарска визба Тиквеш Скопје (65,77%). Додека, пак, најголем пад имаат акциите на Топлификација Скопје од 46,28%.