Акциите на Комерцијална банка, НЛБ Банка и Алкалоид најтргувани оваа недела

217

Акциите на Комерцијална банка, НЛБ Банка и Алкалоид се најтргувани хартии о вредност во период од шести до 10-ти јануари оваа година.

Според неделниот преглед на Македонска берза, вкупниот неделен промет се позицонираше на 1,1 милион евра, што е пораст од 58,38% во однос на претходната недела. Во периодот од шести до 10-ти овој месец, реализирани се вкупно 264 трансакции или 42,70% повеќе во однос на претходната недела.

Пазарната капитализација во текот на оваа работна недела, што изминува, беше 3.328.162.455 евра или 1,63% повеќе во споредба со минатата недела.

Индексот МБИ 10 денеска се позиционираше на 4.837,96 поени, додека пазарната капитализација е 1.933.281.907 евра.

Фото: Facebook