Акциите на Макпетрол, Алкалоид и Комерцијална банка најтргувани во август

100

Топ три најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза во текот на месец август се оние на Макпетрол, Алкалоид и Комерцијална банка, покажува Месечниот статистички билтен.

Со 218 трансакции, акциите на Макпетрол учествуваат со 18,54% во вкупниот промет на официјалниот пазар. Со акциите на Алкалоид се реализирани 242 трансакции, то е 17,75% од вкупниот промет, додека со хартиите од вредност на Комерцијална банка се направени 212 трансакции и 16,26% удел во вкупниот промет.

Акции што забележаа најголем раст во август се: РЖ Економика Скопје (180%), Трготекстил малопродажба (102,04%), ЗК Пелагонија Битола (23,40%), Стопанска банка Битола (12,37%) и ТТК Банка (10,75%).

Најголемо опаѓање сезабележува кај акциите на: Агромеханика (-40%), Жито Лукс (-26,53%), Стопанска банка Скопје – приоритетни акции (-16,75%), Бетон Скопје (-14,52%) и Арцелормиттал ХРМ (-14,29%).

Пазарната капитализација во август се позиционираше на 174.964.206.430 денари, што е зголемување од 2,20%. Кај прометот, што во август изнесуваше 336.169.985 денари или помалку за 57,88% во однос на претходниот месец. Во текот на август се реализирани 1.474 трансакции, што е за 3,29% повеќе во однос на јули. Индексот МБИ 10 беше на ниво од 4.009,16 поени и претставува зголемување за 3,17%.

Фото: Pixabay