Акциите на Пекабеско ќе котираат на Македонска берза

46

pekabesko

Акциите на компанијата Пекабеско АД Кадино од населбата Илинден, почнувајќи од 18-ти овој месец, ќе котираат на официјалниот пазар на Македонска берза.

“Согласно донесената Одлука за прием на котација од страна на Одборот на директори на Берзата и Договорот за котација кој беше потпишан помеѓу Берзата и издавачот, Ве известуваме дека почнувајќи од 18.06.2015 година на Официјалниот пазар на Берзата, на подсегментот Задолжителна котација ќе бидат котирани акциите издадени од Пекабеско АД Кадино, Илинден“, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.