Акциите на Струмица Табак исклучени од котација поради стечај

138

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на шест овој месец донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Струмица табак АД Струмица, заради стечај на друштвото.

Акциите издадени од Струмица табак АД Струмица ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на берзата (задолжителна котација), почнувајќи од 07.03.2019 година.