Акциите на Tesla дел од индексот S&P 500

78

Акциите на Tesla Motors ќе бидат дел од индексот S&P 500 во јануари следната година, пренесува Ројтерс.

Оваа информација предизвика голем скок на акциите на американскиот производител на електрични возила, па за само неколку минути пораснаа за 12%, а пазарната капитализација достигна 40 милијарди долари.

Tesla успеа да влезе во “друштво“ на најпрестижните компании во САД, благодарени на профитот што го остварува пет последователни квартали.

Приходите на Tesla надминаа 8,7 милијарди долари, а и добивката ги надмина очекувањата на аналитичарите. Компанијата, чиј сопственик е Илон Маск, објави дека за оваа година планира да произведе и испорача пола милион возила.

Фото: Twitter