Акциите на Топлификација се враќаат на берзанска котација од 20-ти ноември

42

toplifikacija

Одборот на директори на Македонска берза оцени дека е настаната промена во состојбите и околностите што придонесоа за времена суспензија од котација на акциите на Топлификација Скопје, стои во соопштението.

По истекот на моменталната суспензија, почнувајќи од 20-ти ноември (понеделник), акциите ќе бидат вратени на котација на подсегментот Берзанска котација.

Одборот на директори го задолжи друштвото на 17-ти ноември преку СЕИ – Нет да ги објави сите известувања кои за време на суспензијата од котација беа објавени на интернет страницата на Берзата, како и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01 – 30.09.2017 година.