Акција за чистење на електронски отпад

36

 

ЕКОН ЕЛЕКТРОН заедно со ЕКОЦЕНТАР 97 Скопје, започнаа нова акција за собирање на електронскиот и електричен отпад од домаќинствата во Скопје.

Сите оние кои имаат стари и неупотребливи електрични апарати или електронски уреди потребно е само да се јават на контактниот број 078 44 00 33 и да го договорат примопредавањето на апаратите.

На овој начин граѓаните ќе можат да се ослободат од непотребните и штетни за околината електронски и електрични уреди, без да имаат трошоци за транспорт до законски предвидените собирни места, и воедно да добијат соодветен паричен надоместок на нивна сметка. Акцијата е предвидено да трае до крајот на месецот, ќе ги опфати Скопје и околината со подигнување на уредите директно од пред вашиот објект (куќа, зграда).

За повеќе информации, за листата на уреди и надоместоци, на www.ekonelektron.mk или преку контактниот број 078 44 00 33.

ЕКОН ЕЛЕКТРОН ДОО е лиценциран колективен постапувач со е-отпад,основан од страна на Горење, Сетек, Агротехна и Римеко. Денес располага со 40 собирни места за мали уреди низ целата држава и 2 собирни центри. Заедно со своите членови и партнери досега има спроведувано повеќе слични акции, со над 35 тони собран е-отпад, во склад со законските регулативи и потребата за заштита на животната средина од опасни и штетни отпадоци.