Акционерите на Комерцијална банка ќе добијат дивиденда

30

komercijalna-banka

Комерцијална банка со предлог одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка од 31.12.2016 година.

Нераспределената добивка на банката, според предлог одлуката, во висина од 779.389.463 денари се распределува на: дивиденда за обични акции од 341.860.050 денари и дел за резерви во висина од 437.529.413 денари.

Банката донесе и предлог одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2016 година.

За една обична акција ќе се исплаќаат 150 денари. Листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2016 година е 21-ви април. Последен ден на тргување со право на дивиденда за ланската година е 18-ти април, а прв ден на тргување без право на дивиденда за 2016 година е 19-ти април. Исплатата на дивидендата ќе започне за 10-ти мај оваа година.