Нето добивката на Македонски Телеком, во висина од 1.660.484.244 денари, ќе биде распоредена за исплата на дивиденда во износ од 1,3 милијарди денари и дел за задржана добивка за инвестиции во износ од над 332 милиони денари, стои во предлог одлуката пред Собранието на акционери ќе биде разгледана на 30-ти јуни оваа година.
Согласно предлог одлуката за исплата на дивиденда на компанијата за 2019 година и утврдување на дивиденден календар, бруто износот на дивидендата е 1.328.387.395 денари. Бруто износот на дивиденда по акција е 15,40 денари.
Датумот на пресек на акционерската книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2019 година е 22-ри јули. Последен ден на тргување со право на дивиденда за минатата година е 20-ти јули, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 21-ви јули.
Исплатата на дивидендата за 2019 година ќе се изврши до 30-ти септември оваа година.
Фото: Freepik