Акционерите на ТТК Банка ќе добијат дивиденда откако ќе престане да важи ограничувањето

165

ТТК Банка донесе предлог одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 2020 година.

“Нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје, според Годишната сметка за 2020 година во износ од 90.630.213 денари, се распределува на: износот од 8.920.293 денари се распределува во резерви и износот од 81.709.920 денари останува како задржана добивка расположива за распределба на акционерите, до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплата на дивиденда: со престанок на важност на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките бр. или со донесување решение, одлука или друг акт на надлежен орган со кој за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда. На денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда на еден од начините предвидени во претходниот став, задржаната добивка расположива за распределба на акционерите во износ од 81.709.920 денари ќе се распредели како дивиденда за обични акции“, стои во предлог одлуката.

Фото: Facebook