Акционерите на Твитер ја одобрија понудата на Маск

30

Акционерите на Твитер вчера гласаа и ја одобрија понудата на Илон Маск да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, пишува „Вашингтон пост“.
Гласањето следеше неколку дена по писмото на Маск до Твитер во кое повикува на раскинување на договорот, како и по сведочењето на свиркачот Питер Затак пред Сенатот. Тој сведочеше дека мрежата била полна со безбедносни пропусти, кои оставиле нови правни и политички последици за компанијата.

Додека Маск се труди максимално да го раскине договорот, вчерашното гласање му овозможува на Твитер да продолжи со тужба чија цел е да го принуди милијардерот да го финализира договорот.

Одобрувањето значи дека судењето ќе продолжи во октомври во судот во Делавер.