Акциски план на ЕК за FinTech индустријатa

59

Европската комисија (ЕК) во својот акциски план предвидува Европа да стане своевиден хаб за финасиските технологии (FinTech), поточно има за цел да овозможи дополнителен развој на blockchain, вештачката интелегенција и cloud сервиси.

Акцискиот план предвидува ЕК да создаде лабораторија за развој на финансиски иновации – EU Fin-Tech Lab и да направи Европско тело за набљудување и Форум за развој на блокчеин решенијата – EU Block-chain Observatory and Forum.

Исто така, потребно е да се изработи сериозна стратегија со јасна тактика за развој на крипто валутите и блокчеин технологиите. Понатаму, во акцискиот план се предвидува промовирање на дигитализација на информациите објавени од компаниите низ Европа, вклучувајќи и зголемување на интер-конективноста на националните дата-бази. Ова ќе им даде подобар увид на инвеститорите за донесување одлуки.

Со изработката на планот целта е ЕУ да стане уникатен пазар за кориснички апликации во финансискиот сектор. ЕУ сака да ги изгради своите правила и начинот на функционирање во овој сектор во насока со брзиот технолошки развој.