AkinRobotics – прва турска фабрика за производство на хуманоидни роботи

73

akin-robotics-facebook

Фото: Facebook

Во централна Анадолија е отворена првата турска фабрика за производство на хуманоидни роботи, пишува Хуријет.

Фабриката, што го носи името AkinRobotics, е основана од софтверската компанија AkinSoft.

Според, претседателот на одборот на AkinSoft, Узгур Акин, фабриката веќе започна со масовно производство, што ја прави поразлична од слични такви фабрики во светот.

Хуманоидните роботи, што ќе се произведуваат во оваа фабрика, Ada GH5 ќе бидат програмирани за употреба во трговски центри, саеми, аеродроми, болници, па дури и за домашна употреба.

AkinSoft, компанија што започна со работа во 1995 година, има околу 2.000 партнери во 28 земји во светот и се смета за софтверски пионер во Турција.