Ако има кохезија во организацијата, ќе има подобри резултати

130
joke naslovna
Др. Јоке Ланд, психолог и интернационално сертифициран мастер BHNM® NLP тренер, системски специјалист, Меѓународен институт за применета психологија Bureau Land

Јоке Ланд е сертифицирана како NLP BHNM® мастер тренер од NLPU Универзитетот во Калифорнија и од страна на ABNLP. Во 1993 година го основа Меѓународниот институт за применета психологија во Холандија. Како професионален и организациски психолог, таа подучува и инспирира луѓе во корпоративниот и јавниот сектор, а тренер на поединци е повеќе од 22 години на меѓународно ниво. Како сениор капитал тренер, таа спроведува коучинг и развива организации преку имплементација на организациски промени.

БИ: Какви карактеристики се развиваат со коучингот? Колку коучингот е важен за личниот развој на луѓето?

Коучингот е нов начин на гледање на луѓето, според кој тие се развиваат како личности целиот свој живот. Коучинг значи дека ќе бидат опфатени теми, кои секогаш ќе имаат влијание врз сите аспекти на бизнисот – какви им се перформансите на вработените, како се чувствуваат, каква е атмосферата, каква е културата во организацијата. Коучинг значи да се стане посвесен за тоа што се случува внатре во луѓето, затоа што внатрешноста секогаш има влијание врз надворешноста.

БИ: Какви алатки може да развие менаџерот преку коучинг?

Има премногу алатки, како алатки за комуникација, за промена, за управување, за развој, исто така и алатки за да се подобрат крајните резултати, резултатите кај луѓето, а преку тоа и резултатите на организацијата, бидејќи тоа е резултат на синергија. Велиме бизнисот го прават луѓето и луѓето го прават бизнисот, така што ништо не може да се направи без луѓе. Не можам да споменам само една алатка, бидејќи во нашите програми, секој ден ќе добиете 2-3 алатки кои ќе имаат влијание врз сите аспекти на бизнисот.

joke 1

БИ: На HR Конференцијата што се одржа во Скопје во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, рековте дека организацијата нема душа, луѓето ѝ ја даваат душата. Колку е важна улогата на лидерот во тоа да ѝ даде душа на организацијата?

Менаџерите – лидерите (менаџерите мора да се и лидери, се разбира), треба да го опфатат и оној аспект на луѓето што се нарекува душа, не само способностите и вештините, затоа што ако луѓето се навистина поврзани со својата уникатна животна сила што ја имаат, нема да имаат потреба од компетенции. Тие ќе имаат компетенции и ќе се развиваат тогаш кога се поврзани со нивната уникатна животна сила, со нивната душа.

Но ако им се негира душата на луѓето, има обезличување, бидејќи им се негира животната сила. Менаџерите треба да се поврзат со себеси, но исто така да се поврзат и со луѓето – ние тоа го нарекуваме генеративна соработка. Така заедно ќе генерираат кохезивна организација. Кон тоа целиме ние, ако постои кохезија во организацијата – јас припаѓам тука, ова е мојата организација, сакам да биде подобро – тоа го нарекуваме енергија на душата, што се постигнува преку коучинг. Ако има кохезија меѓу луѓето – поголема посветеност, чувство на припадност во организацијата, тогаш ќе има и подобри резултати.

БИ: Рековте дека за да биде човек задоволен со самиот себе, треба да заборави на егото, не треба да има ниту превисоко, ниту прениско мислење за себе. Како да се најде рамнотежата?

Реков дека луѓето треба да се поврзат со себе. Зборував за егото, личноста и нивото на душа. Егото е она што ви треба понекогаш за да се заштитите себеси. Но, не треба да изградите огромно его, затоа што така не можете да стигнете до внатрешноста на некој друг. Егото е само тенка линија за да се заштитите себеси од напади од луѓето. А некои луѓе ќе ве нападнат. Затоа треба да имате здраво его, да се држите до сопствените граници. Ние се залагаме за здраво его, здрава личност, затоа не треба да се преценуваме. Не треба ни да се потценуваме, затоа што тогаш ќе бидеме многу мали. Ја бараме вистинската големина што сакате да ја имате. Што е вистинска големина? Тука влегуваат луѓето од оделите за човечки ресурси. Ако луѓето во организацијата се премногу големи (се преценуваат), тогаш ќе ги повредуваат останатите. Ако се мали (се потценуваат), им даваат простор на другите да ги повредат. Ви требаат луѓе со вистинска големина, кои веруваат во себеси такви какви што се. И душата е животната сила зад сè. Дали тоа е навистина она што го сакате во животот. Мојата компанија во Холандија, Меѓународниот институт за применета психологија, има мисија да им обезбеди на луѓето психолошки алатки, да можат да живеат живот каков што сакаат да живеат.

БИ: Колку е важно HR менаџерот да знае да ги чита вработените?

joke 2Многу, многу е важно. Менаџерите за човечки ресурси мора да чувствуваат што се случува во организацијата, кои се слепите точки, што им е потребно на луѓето на ниво на вештини, но исто така и на ниво на идентитет во организацијата. Евентуално и на спиритуално ниво – дали сакам да бидам тука. HR менаџерите се еден вид сензори во организацијата да почувствуваат дали постои генеративна соработка, не само основна. Секој може да ги прави основните работи – дојдов, сработив, тоа е тоа. Скоро е пет часот, ќе си одам дома, мило ми е што заврши работниот ден. Ако луѓето живеат живот “мило ми е што заврши работниот ден”, тоа е загуба за организацијата, евентуално за државата, но исто така и за самата личност.

БИ: Кога за човек може да се каже дека е успешен?

Кога човек е успешен? Многумина мислат дека ако имате многу материјални работи, ако имате многу пари, дека сте успешни. Од надвор гледано, да. Но, ако не сте поврзани со својата душа, дали сè уште сте успешни со многу пари? Не знам за тоа. Тоа не е мојата дефиниција да се биде успешен. Мојата дефиниција да се биде успешен е да сте конгруентни, да сте поврзани внатрешно со тоа што го правите во животот, да го правите тоа што сакате да го правите, да верувате во она што сакате да го правите, дека сте личноста која сакате бидете во вашиот живот. Значи, ако постои земјоделец со мало парче земја и ако тој е среќен со тоа што го прави, со одгледувањето на јаболкница и среќен е кога го гледа дрвото како расте, кога е целосно усогласен со душата, со личноста, егото е здраво, мислам дека тој е успешен. Од бизнис перспектива, ќе речете дека не е успешен.