Ако оставите пешкир на плажа во Шпанија, тоа може да ве чини 250 евра

23

Шпанската полиција започна „пресметка“ со туристите и почна да ги одзема столовите, лежалките и чадорите што ги оставаат на плажата за резервирање место.

Лежалките, столовите и чадорите кои ги запленува полицијата ги носи во локалната полициска станица, а туристите подоцна треба да платат 250 евра за да ги вратат, објави Dailymail.

Во крајбрежните области на Шпанија и локациите како Балеарските и Канарските Острови забрануваат поставување на крпи и лежалки пред 9 часот за да се спречи нарушување на чистењето на плажите.

Новите правила се само еден од потезите во „војната“ на Шпанија против туристите, што доведе до големи протести ова лето, а посетителите беа дури и нападнати со водени пиштоли. Демонстрантите ги окупираа плажите на островот Мајорка во обид да ги „вратат“ на локалното население.