Велика Британија ќе ја предупреди Шкотска дека нема да може да биде во валутната унија со остатокот од Обединетото Кралство и да ја задржи фунтата, доколку на референдумот во септември изгласа независност, јавува Ројтерс.
Шкотската национална партија, која се залага за независност, сака да ја задржи фунатата ако на референдумот на 18 септември се изгласа независност. Но, Шкотска нема план Б ако прогласи независност и остане без фунтата. Независна Шкотска ќе треба да аплицира за приклучување во Европската унија пред да праша дали може да го користи еврото. Прифаќањето на еврото или воведувањето нова валута се поскапи и потенцијално поризични алтернативи.
Британскиот премиер Дејвид Камерон вели дека со излегувањето на Шкотска од составот на Британија ќе биде раскината нивната 307 години долга унија, што би ја загрозило финансиската и политичка стабилност на Британија. Според анкетите, само една третина од Шкотите се за независност.