Ако сакате да ги остварите зацртаните цели создадете нови навики

38

Која е таа една цел која сакате да ја остварите? Најверојатно немате проблеми да ѝ дадете име, но што е тоа што ве задржува да не се впуштите во нејзино остварување?

Во прилог се неколку предлози од говорници кои биле дел од ТЕД конференции, а што можат да ви помогнат да ги остварите зацртаните цели.

Дефинирајте ги сопствените стравови наместо цели

Размислете за она што го одложувате да го направите додека го чекате “вистинскиот момент“. Што е тоа што не ви дозволува да се дадете во акција? Од што се плашите? Запишете ги најлошите нешта што можат да се случат ако не успеете, предлага инвеститорот и автор Тим Ферис. Потоа размислете што ќе направите ако вашите стравови навистина се реализираат и како можете да ги спречите.

Ферис ја нарекуваа оваа вежба “поставување на стравот“. Оваа вежба може да ви помогне да го прекинете циклусот на себе-парализирање.

“Можам да ги наведам сите мои најголеми успеси и најголеми катастрофи што сум ги одбегнал благодарение на поставувањето на стравот,“ вели тој.

Протерајте го зборот “добро“

Зошто вашите цели се со низок приоритет? Можеби поради она “е па добро“, вели мотивацискиот говорник Мел Робинс. Таа валкана фраза ве тера да мислите дека ситуации како што се чувство на неисполнетост на работа, или справување со 10кг плус,  се доволно добри за да не мора да вложувате напор да ги промените.

Сметајте дека ова е ваш аларм: време е да престанете да се задоволувате со “добро“ и наместо тоа да го вперите погледот во “многу добро“ или “одлично“.

Пристапете им на пречките со љубопитност

Можеби некогаш сте се нашле во ситуација во која се оддалечувате од посакуваната цел бидејќи некој тивок внатрешен глас ве прашува дали не би било позабавно да гледате Нетфликс во следните шест часа. Со тоа чувство не треба да се борите, туку треба да го преиспитате. Љубопитноста е најдоброто оружје против таквата разонода, вели психијатарот Џадсон Бруер.

Кога ќе се најдете себеси во ситуација во која постојано одложувате нешто, погледнете што се случува во вашиот ум. Дали ви е досадно? Дали сте уплашени, или пак можеби фрустрирани? Овој увид во вашиот ментален процес може да ви помогне да сфатите што е она што ви треба што треба да го решите за повторно да бидете на правиот пат.

Прифатете ги сопствените победи

Позади секој триумф стојат безброј победи – станува збор за оние моменти кога сте му погледнале на успехот во очи, но не сте го оствариле целосно. Тие моменти се ценети, вели историчарката Сара Луис. Тие моменти ви покажуваат што функционира и што можете да подобрите, и ви овозможуваат прилика да ги повторите.

“Усовршувањето не е посветеност на некоја цел туку постојана потрага,“ вели таа. Со прифаќањето на вашите блиски победи, можете да се натерате себеси да постигнете повеќе од што сте претпоставувале.

Извор: Womeninadria.mk

Фото: Freepik