Акциите на германските автомобилски гиганти во голем пад

Во вторникот акциите на автомобилските компании (и нивните добавувачи) паднаа најмногу на берзата во Франкфурт.
Сè погласни се предупредувањата дека Германија, а со неа и цела Европа повеќе не е конкурентна и дека менталитетот ќе мора да се промени ако сака да се натпреварува со САД и Азија. Кристијан Севинг, првиот човек на Дојче банк, рече:

„Ако работиме во просек 28 часа неделно и се пензионираме на 63 години, нема да успееме.

Севинг сугерира дека Германците се приближиле до просекот на ОЕЦД од 33-34 работни часа неделно.