Albafone, четвртиот мобилен оператор во Македонија од утре почнува со работа

21

Albafone, четвртиот мобилен оператор во Република Македонија, соопшти дека во петок официјално стартува со работа. Операторот подготвува низа дополнителни услуги, кои ќе бидат уникатни и воедно ќе придонесат кон олеснување на комуникацијата. Тие услуги за кратко време ќе бидат присутни на пазарот, најавуваат од Albafone.

За одбележување на почетокот со работа, Albafone ќе подарува по 1.000 телефонски броеви во првите две продавници што ќе се отворат утре. Првиот продажен салон ќе започне со работа во 09:00 часот и се наоѓа на вториот кат во ТЦ Сити Галери во Скопје. Вториот продажен салон кој се наоѓа на ул. Џон Кенеди, ќе започне со работа во 11:00 часот.