Албанија гради меѓународен аеродром вреден 104 милиони евра

47

Албанските власти во вторникот потпишаа договор со конзорциум со седиште во Швајцарија за изградба на нов меѓународен аеродром од 104 милиони евра во Валона.
Компанијата Mabco Construction со седиште во Лугано ќе спроведе подготвителна работа и ќе се осврне на еколошките и археолошките проблеми за околу две години, а потоа новиот аеродром ќе биде завршен за 36 месеци.

Меѓународниот аеродром во Валона ќе се наоѓа на 150 километри југозападно од главниот град Тирана, пренесува агенцијата АП.
Аеродромот ќе има писта од 3,2 километри и во план е да може да прими до два милиони патници годишно.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека аеродромот ќе го промовира туризмот и економскиот развој и дека ќе ја направи Албанија земја во која бројот на туристи експоненцијално ќе се зголеми.

Албанија планира да изгради уште еден аеродром во Саранда.

Фото: Pixabay