Албанија гради најголема пловна соларна централа на Западен Балкан

139

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе одобри заем од 9,1 милиони евра на албанската државна компанија за електрична енергија Korporata Elektroenergjitike Shqiptare (КЕШ) за изградба на пловна фотонапонска централа.

Заемот ќе финансира изградба на пловна соларна фарма од 12,9 мегавати, прва пловна фотонапонска централа со оваа големина во Албанија и Западен Балкан. 

Електраната ќе се наоѓа во северниот дел на земјата.

Банката истакна дека проектот исто така се совпаѓа со пошироката амбиција на Албанија за развој на нејзиниот соларен капацитет, што резултира во два успешни проекти, поддржани и од ЕБОР.

Проектот е извонреден заради неговата иновативна технологија, позитивното влијание врз животната средина и комерцијалната логика. Исто така, има потенцијал да се реплицира во поширокиот регион на Западен Балкан, во кој има многу хидроцентрали“, рече Франческо Корбо, регионален раководител на ЕБОР за енергија за Западен Балкан.

Фото: Pixabay