Александра Радевска именувана за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола

120

Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-6042/1/I.1-1 од 16 мај 2024 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-8878/11 од 4 јуни 2024 година, за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е именувана г-ѓа Александра Радевска.

Александра Радевска ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во неколку мандати од април 2013 година до јуни 2023 година.

Од јуни 2023 година, Александра Радевска е член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а под нејзина одговорност се следниве сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за финансии, Сектор за контрола на усогласеност на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, Сектор за управување со инвестиции и имот и Сектор за правни работи и решавање проблематични пласмани.