Alfa Romeo подготвува нов модел за својот 110 роденден

55

Според последните информации, во Alfa Romeo се подготвуваат на 24 јуни во чест на одбележувањето на 110-тиот роденден на компанијата на публиката во Милано да го претстават новиот модел со кој наскоро ќе ја прошири својата актуелна понуда.

Сè уште не е познато дали Alfa во јуни ќе го претстави долго најавуваното спортско купе 6C или новиот концептен кросовер од B сегментот базиран на платформа од групацијата PSA, која од неодамна е здружена со групацијата FCA, со која во догледно време би се проширила понудата на Alfa со SUV модели.

Понудата во моментов ја претставува моделот Stelvio, а на него е му се приклучи и компактниот модел Tonale, по неговата премиера на мартовскиот Саем за автомобили во Женева.

За жал на оние кои можат да си дозволат повеќе, а се љубители на славниот италијански бренд, од претходно најавуваниот наследник на супер спортскиот модел 8C Competizione на Alfa Romeo засега нема ништо.

Преземено од: Avtoplus