Alibaba ги зголеми приходите за 34%, достигнаа 22,2 милијарди долари

41

Кинеската компанија Alibaba вчера ги објави прелиминарните податоци за приходите и профитот во првиот квартал од тековната финансиска година, што заврши во јуни.

Вкупните приходи на компанијата забележале раст од 24 % на 153,75 милијарди јуани (22,2 милијарди долари), а аналитичарите претходно предвидуваа раст на приходите до 147,77 милијарди јуани (21,3 милијарди долари).

Alibaba во истиот квартал минатата година забележа раст на приходите од 42 %.

Приходите на Alibaba од основната дејност – интернет трговија, пораснаа за 34 % на 133,32 милијарди јуани (19,27 милијарди долари) во првиот квартал.

Акциите на Alibaba котираат на Њујоршката берза и од почетокот на годината нивната вредност е зголемена за 23 %.

Фото: Facebook