Alibaba и BMW склучија стратешко партнерство

24

Германскиот автомобилски бренд, BMW склучи стратешко партнерство со кинескиот гигант за електронска трговија, Alibaba, пренесува Ројтерс.

Соработката се однесува на брендирање, маркетинг, услуги и информатичка технологија. Целта е да се спроведе дигитализација во севкупното работење на BMW, што треба да ги опфати и дистрибутерите.

BMW, исто така, ќе биде првиот производител на автомобили што го користат оперативниот систем ABOS на Alibaba, а планирано е двете компании заеднички да формираат компанија за продажба и услуги преку интернет.

Во иднина ќе може да се купи и автомобил преку Alibaba, да се резервира пробно возење, поправка и одржување, а со помош на ABOS германскиот производител и неговите овластени дистрибутери ќе ја забрзаат дигиталната трансформација во Кина.

Фото: Freepik