АЛКАЛОИД АД Скопје како интернационална генеричка фармацевтска компанија тежнее да биде присутен во сите сегменти на овој бизнис и да им понуди на здравствените системи и на пациентите достапност до што поголемо портфолио и типови на лекови по прифатлива цена. Покрај вообичаените генерички лекови, АЛКАЛОИД АД Скопје има стратешка цел да настапи на пазарот и со биослични лекови, информираат од компанијата.
За навреме да настапи во овој растечки бизнис-сегмент во фармацевтската индустрија,
АЛКАЛОИД АД, преку докапитализација на своето новоформирано друштво ALKALOID
Pharma International од Хрватска, се одлучи за вложување преку купување малцински удел во јужнокорејската компанијата Rophibio.
Преку ова вложување во Јужна Кореја, во противвредност од 1 милион американски долари, АЛКАЛОИД АД, покрај сопственичкиот удел во компанијата, ќе добие и право на првенство при лиценцирање на производите за регионите во кои има свои операции.
Земајќи го предвид потенцијалот на пазарот, како и искуството на тимот кој ја предводи компанијата Rophibio, АЛКАЛОИД АД донесе одлука за инвестиција во оваа истражувачкоразвојна компанија, која во моментов е во напредна фаза на развој на биослични лекови, информира АЛКАЛОИД АД Скопје.