Алкалоид го објави датумот на годишното собрание на акционери

26

alkaloidАлкалоид АД Скопје објавува дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 02.04.2018 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Македонија.

Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 01.03.2018 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2017 година во износ од 270,00 денари бруто односно 243,00 денари нето по акција, што е за 8% поголема во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 250,00 денари бруто односно 225,00 денари нето.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.